Работнички поразен од Тиквеш на тестот во Кавадарци
Работнички го загуби третиот пријателски натпревар на летните подготовки. Новиот прволигаш Тиквеш во Кавадарци славеше со 3-1, а единствениот погодок за нашиот тим го постигна Бујар Хајдари во второто полувреме од дуелот.
Тиквеш поведе со 2-0, со головите на Ибрахима Тиам и на Едиз Спахиу, Хајдари намали во 66.минута, а Иван Ивановски го постави конечниот резултат.
Тренерот Александар Влахо го стартуваше мечот со следниот тим: Мустафа, Ристевски, Кировски, Илиевски, Стојков, Ристовски, Лазаров, Османоски, Стојкоски, Тантуровски, Станковски.
Следниот тест за тимот на Работнички е дуелот против Академија Пандев в сабота во Струмица.