Работнички поразен од Академија Пандев на тестот во Струмица
Работнички доживеа пораз (2-0) од Академија Пандев на четвртиот пријателски натпревар во текот на летните подготовки. Составот на Александар Влахо се уште ја нема достигнато потребната форма и тоа беше видливо и на тестот во Струмица.
Академија Пандев поведе со голот на Кајо Лукас во 22.минута, а вториот гол беше дело на Илиев од пенал во 67.минута.
Тренерот Александар Влахо на овој меч му даде можност на следниот тим: Јанков, Кировски, Ристевски, Илиевски, Стојков, Тодоровски, Ристовски, Максимов, Стојкоски Станковски, Тантуровски. Уште играа: Мустафа, Османоски, Мисердовски, Лазаров, Ангелов, Трајановски, Вецески, Муарем, Хајдари.