Работнички замина на подготовки во Охрид (ФОТО)
Работнички ја заокружи првата фаза од подготовките во Скопје и од денеска се пресели на охридското крајбреже. Во наредните 12 дена, тимот ќе продолжи со подготовките и ќе одигра три пријателски натпревари. Следната фаза од подготовките ќе биде реализирана до 27 јули.
Ренова, Охрид и косовскиот тим Гњилане ќе бидат тимовите што ќе ја тестираат формата на избраниците на Александар Влахо.