Триумф над Ренова на пријателскиот меч во Охрид
Работнички ја победи Ренова со 1-0 на пријателскиот натпревар на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Марио Станковски беше стрелец на погодокот од пенал, во 47.минута, откако Дејан Тантуровски беше соборен во шеснасетникот.
Тимот на Александар Влахо беше подобар ривал на овој тест, дебитираше новото засилување Александар Позњак, а Димитар Тодоровски заработи два жолти картони и исклучување по 25 минути игра. Но, во меѓусебен договор на екипите пред мечот, Работнички доби дозвола да внесе нов играч од клупата, Андреј Лазаров.
Пред крајот на првото полувреме, Никола Ристески шутираше кон голот на Ристе Јанков, но не беше прецизен.
Во второто полувреме, Марио Станковски имаше убава можност за втор погодок, но откосо од левата страна шутираше над голот. Потегот на мечот го имаше Лука Станковски. Тој беше во одлична позиција за реализација и погодок, но одлучи да не шутира, откако согледа дека противнички фудбалер се жали на повреда и ја испрати топката во аут.
Во самата завшница од натпреварот, Лука Станковски имаше шанса да го удвои резултатот, но шутираше за малку крај голот.
Тренерпот Александар Влахо на денешниот меч го изведе следниот тим: Јанков, Илиевски, Кировски, Позњак, Стојков, Ристовски, Османоски, Стојкоски, Тантуровски, М. Станковски. Уште играа: Лазаров, Л. Станковски, Сухељ, Дарбо, Баџи, Трајановски, Ангелов.