Триумф (3-1) над Каменица Саса на последниот тест пред почетокот на првенството
Работнички оствари победа (3-1) над Каменица Саса на последниот пријателски натпревар од летните подготовки. Дуелот се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а Работнички беше подобар ривал.
Избраниците на Александар Влахо поведоа со голот на Марио Станковски во 25.минута. На 2-0 зголеми Димитар Тодоровски во 55.минута, а Каменица Саса успеа да намали. Лука Станковски во 70.минута беше стрелец на третиот гол за нашиот тим.
Во првото коло од новото првенство во Првата лига, Работнички на домашен терен го пречекува тимот на Борец.