Работнички триумфираше на тестот со Њу Старс
Работнички оствари триумф (3-0) на пријателскиот натпревар против тимот на Њу Старс што се одигра денеска на игралиштето на Алумина. Стрелци на головите за нашиот тим беа Ебрима Баџие во 37.минута и Бујар Хајдари, кој погоди двапати во вториот дел, во 52. и во 67.минута од мечот.
Работнички беше поквалитетен ривал, а шефот на стручниот штаб им даде шанса на фудбалерите кои имаа помала минутажа на првенствениот натпревар против Борец.
Баџие го отвори резултатот со удар со глава во 37.минута од мечот. Тој одлично се снајде во шеснаесетникот и ја затресе мрежата на Њу Старс.
Во вториот дел, Бујар Хајдари во 52.минута ја ефектуираше асистенцијата на Методи Максимов, а потоа во 67.минута уште еднаш се запиша меѓу стрелците.