Мечот против Академија Пандев во вечерен термин, ќе суди Владимир Ѓорѓиевски
Работнички во второто коло од Првата фудбалска лига в недела ќе гостува во Струмица и ќе ги одмери силите со тимот на Академија Пандев. Мечот е закажан за 20 часот на стадионот „Младост“.
Главен судија на мечот ќе биде Владимир Ѓорѓиевски од Битола, а ќе му помагаат Петар Степановски и Николче Дрнковски. Четврти судија е Благојче Ралевски од Битола.
За делегат на натпреварот е одреден Ненад Крстевски (Куманово), а контролор на судењето ќе биде Бранко Манојлоски (Тетово).