Стојкоски: Целта е да освоиме бодови и во Струмица
Работнички утре гостува во Струмица и ќе ги одмери силите со Академија Пандев во второто коло од Првата фудбалска лига. По триумфот (1-0) над Борец на стартот, тимот на Александар Влахо сака да продолжи во позитивен ритам и на овој натпревар. Капитенот Кристијан Стојкоски смета дека со колективен дух и максимално залагање Работнички може да ја оствари целта во Струмица.
„Премиерното издание може да не радува, одигравме квалитетен меч против Борец и успеавме да стигнеме до триумф. Сега сакаме да продолжиме во ист ритам на гостувањето во Струмица. Академија Пандев е квалитетен тим, но и ние веруваме во своите способности и доколку одиграме на потребното ниво, мислам дека можеме да оствариме позитивен резултат. Цела е да освоиме бодови и во Струмица“, вели капитенот Стојкоски.
Натпреварот меѓу Академија Пандев и Работнички се игра утревечер (20 часот) на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, а ќе го суди Владимир Ѓорѓиевски од Битола.