РЕАКЦИЈА НА СУДЕЊЕТО НА ВЛАДИМИР ЃОРЃИЕВСКИ ВО СТРУМИЦА (ВИДЕО)
Фудбалскиот клуб Работнички реагира на катастрофалното судење на Владимир Ѓорѓиевски, главниот судија на натпреварот против Академија Пандев во Струмица. Поради неговата очајна арбитража и досудени два крајно сомнителни пенали, ФК Работнички е драстично оштетен на вчерашниот натпревар од Првата фудбалска лига.
Не барајќи алиби за вчерашниот пораз, сакаме да укажеме дека Владимир Ѓорѓиевски драстично го оштети ФК Работнички и дрско го одреди текот на натпреварот во Струмица. Уште пострашно е што овој анонимен судија за првпат се појавува на прволигашка сцена. Покрај пеналите кои директно влијае на резултатот, имаше низа на судиски одлуки кои влијаеа на текот на натпреварот, особено во критериумите за доделување на жолтите картони, посебно несанкционирањето на ударот од противнички играч без топка врз наш фудбалер.
Особено револтира односот на главниот судија по завршувањето на натпреварот, со потсмев и цинизам кон нашиот официјален претставник и управата на клубот.
Ние како клуб, со нашето реноме и со континуираното инвестирање во макфудбалот нема да дозволиме ниту еден (неквалификуван) судија да решава за нашите судбини.
Работнички не сака да служи за експеримент, напротив, како клуб со огромно реноме во Првата лига, инсистира во иднина да биде заштитен од делегирање на недостојни (неспособни) судии за квалитетот на клубовите од Прва МФЛ.
ФК РАБОТНИЧКИ АД – СКОПЈЕ