Реми без голови против Струга Трим Лум
Работнички одигра реми без голови против Струга Трим Лум во третото коло од Првата фудбалска лига. По ова, тимот на Александар Влахо се наоѓа на шестата позиција на табелата со четири освоени бода.
На арената „Тодор Проески“ во Скопје двете екипи прикажаа максимална борбеност и желба за победа, но на крајот мораа да ги поделат бодовите. Без погодок во противничката мрежа, нема три бода.
Дејан Тантуровски се закани во 17.минута со удар од работ на шеснаесетникот, но топката заврши високо над голот. Емир Скендери возврати на спротивната страна, но немаше некоја посериозна опасност за голот на Ристе Јанков.
Во второто полувреме, Методи Максимов можеше да искористи една брза акција на Работнички, но си даде предолг фор и не успеа да заврши до крај со шут кон голот. Во една мешаница во противничкиот шеснаесетник, Јасмин Мециновиќ играше со рака во шеснаесетникот, но, сепак, главниот судија Игор Стојчевски дека играта треба да продолжи.
Во следното коло, Работнички на домашен терен го пречекува Тиквеш.