Браќата Станковски донесоа триумф над Тиквеш
Работнички ја оствари втората победа во новата сезона, откако на арената „Тодор Проески“ го совлада Тиквеш со 2-1. По четири одиграни кола, нашиот тим има седум освоени бода.
Тимот на Александар Влахо беше подобар ривал и заслужено стигна до триумф. Марио Станковски најави дека Работнички е заинтересиран за трите бода, но неговиот обид заврши над голот. Возврати Вареловски со удар од далечина, но ја погоди гредата од голот на Јанков.
Во 41.минута, Марјан Ристовски беше фаулиран во шеснаесетникот, а пеналот рутински го изведе Марио Станковски за водство на Работнички.
На стартот од вториот дел, пенал и за Тиквеш. Кировски го собори Идризовиќ, а успешен реализатор беше Иван Ивановски во 53.минута.
Сепак, Работнички веднаш тргна да го врати водството и успеа во тоа. По една акција од десната страна, Лука Станковски во пад шутираше кон голот на Тиквеш и успеа да го надмудри Дарко Тофилоски.
До крајот, Работнички умееше да ја сочува предноста и стигна до вториот првенствен триумф.
Во следното петто коло, Работнички гостува кај Ренова во Тетово.
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 2-1 (1-0)
Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Игор Иванов. Стрелци: М. Станковски 41’ пен., Л. Станковски 58’ (Работнички), Ивановски 53’ (Тиквеш). Ж. картони: Кировски (Работнички), Коцев, Идризовиќ, Делов (Тиквеш).
РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ристевски, Кировски, Позњак, Максимов, Османоски, Ристовски, Лазаров (70’ Стојкоски), Тодоровски (76’ Стојков), Л. Станковски (82’ Тантуровски), М. Станковски.
ТИКВЕШ: Тофилоски, Вареловски, Коцев (63’ Мишов), Делов, Идризовиќ (83’ Петковски), Наумчевски, Наумоски (75’ Темелков), Љамчевски, Мирковиќ, Ивановски, Спахиу (75’ Христов).