Тројца фудбалери на Работнички на списокот на Канатларовски за У-21
Тројца фудбалери на Работнички се повикани во младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година за квалификациските натпревари против Франција на 2. септември во Ле Ман и против Србија на 7. септември во Охрид.
На списокот на новиот предводник на младиот национален тим, Драги Канатларовски, се најдоа Лука Станковски, Димитар Тодоровски и Методи Максимов.
Собирот на македонската репрезентација до 21 година е закажан на 29. август (недела). Првиот тренинг е в недела од 18 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.