Ристе Јанков на списокот на Благоја Милевски за А-тимот
Голманот на Работнички, Ристе Јанков, се најде на списокот од 26 имиња на новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, за квалификациските натпревари против Ерменија, Исланд и против Романија, во почетокот на септември. Јанков в недела треба да му се стави на располагање на националниот тим, со оглед дека прволигашките обврски овојпат се распоредени за в сабота.
Фудбалската репрезентација на Македонија на 2. септември на арената „Тодор Проески“ ќе игра против Ерменија, три дена подоцна следи гостувањето на Исланд, а на 8.септември повторно во Скопје ќе ги одмери силите со селекцијата на Романија.