Работнички ремизираше (1-1) против Ренова во Тетово
Работнички ремизираше (1-1) на гости во Тетово против Ренова во петтото коло од Првата фудбалска лига. По ова, нашиот тим се наоѓа на шестата позиција со осум освоени бода, во пресрет на репрезентативната пауза.
Во интересен натпревар со многу шанси, Ренова поведе со голот на Ремзифаик Селмани во 25. минута, а израмни Марио Станковски од пенал во 36.минута.
Работнички прв се закани откако во 12.минута, Марио Станковски го проигра Стојкоски, а тој во трк не ја зафати топката за да излезе сам пред Велии.
Ренова поведе во 25.минута со голот на Селмани. Но, Работнички веднаш тргна по израмнување. Откако Стојкоски се закани, во 36.минута, по проигрувањето Марио Станковски, токму капитенот излезе сам пред голот, а Хадис Велии го собори. Беше досуден пенал, а успешно го реализираше Марио Станковски во 36.минута.
Јанков одлично интервенираше во сопствениот петерец по акцијата ан Рамадани, а Лука Станковски имаше убава шанса на почетокот на вториот дел, но Велии одбрани.
До крајот, иако имаше желба за триум и од двете екипи, резултатот остана 1-1.
Работнички ќе ја пречека првата репрезентативна пауза на шестата позиција со осум бода, но само два помалку од првопласираните Шкупи и Академија Пандев.
РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 1-1 (1-1)
Градски стадион во Тетово. Стрелци: Селмани 25’ (Ренова), М. Станковски 36’ пен. (Работнички). Ж. картони: Ристовски, Османоски (Работнички).
РЕНОВА: Велии, Ебиби (64’ Шефити), Илиевски (79’ Гафури), Абдула, Борха (59’ Ристески), Мустафов (59’ Перез), Бајрами, Садики (79’ Серафимовски), Рамадани, Јусуфи, Селмани.
РАБОТНИЧКИ: Јанков, Илиевски, Ристевски, Позњак, Ристовски, Максимов, Османоски (73’ Гоес), Тодоровски, Л. Станковски (84’ Аломеровиќ), Стојкоски (86’ Тантуровски), М.Станковски (90’ Стојков).