Работнички преку Слога Виница во осминафиналето на Купот
Работнички обезбеди пласман во осминафиналето на Купот на Македонија откако денеска во Виница славеше против Слога со 0-3. Тимот на Александар Влахо беше убедлив, иако тој одмори дел од првотимците на овој меч.
Капитенот Кристијан Стојкоски од пенал донесе водство за Работнички во десеттата минута. Нашиот тим имаше уште неколку изгледни шанси, но на одмор се замина со резултат 0-1. Во второто полувреме, Андреј Лазаров зголеми на 0-2 во 61.минута, а само две минути подоцна Дион Аломеровиќ го постави конечниот епилог.