Фуркан Идризи ќе го суди мечот Работнички – Пелистер в недела
Работнички в недела, со почеток во 15 часот, на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија ќе го пречека тимот на Пелистер во осмото коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Фуркан Идризи од Тетово, а ќе му помагаат Елена Соклеска Илиевски (Тетово) и Вјолца Изеири (Гостивар). Четврти судија ќе биде Ивана Пројковска (Скопје).
За делегат на натпреварот е одреден Тихо Чурлинов од Гевгелија, а контролор на судењето ќе биде Миле Стојчевски од Скопје.