Јован Качевски ќе го суди мечот Шкупи – Работнички в недела
Работнички ќе гостува на Чаир против Шкупи во деветтото коло од Првата фудбалска лига. Овој натпревар е закажан за в недела, со почеток во 15 часот, а одредени се и официјалните лица.
Главен судија на натпреварот ќе биде Јован Качевски од Струга, а ќе му помагаат Слаѓан Маркоски од Гостивар и Разме Бакрачески од Струга. Четврти судија е Марјан Ецкоски од Охрид.
За делегат на натпреварот е одреден Кочо Зердески од Кичево, а контролор на судењето ќе биде Алиларџан Хаџипази од Гостивар.