Натпреварот против Скопје ќе се одигра в петок, на 15 октомври
Овој викенд нема прволигашки фудбал поради квалификациските настапи на репрезентативните селекции на Македонија, а следното 10.коло е закажано за в сабота, 16 октомври, поради тоа што ден подоцна ќе се одржат локалните избори. Но, Работнички ќе го пречека Скопје в петок, на 15 октомври, на арената „Тодор Проески“, со почеток во 14 часот.
Оваа промена е поради тоа што натпреварот ќе биде директно пренесуван на „МТВ“ и на „Арена Спорт“. Дополнително ќе бидат познати официјалните лица за овој натпревар на почетокот на следната седмица.