Ристовски: Фокусот е победа против Борец
Работнички гостува во Велес и ќе ги одмери силите против Борец во 12.коло од Првата фудбалска лига. Тимот на Александар Влахо сака да стави крај на лошата низа и да се врати на победнички патеки. Го потенцира тоа и Марјан Ристовски кој во минатото го носеше дресот и на Борец.
„Респект за Борец, но ние сме фокусирани на победа. Мора да ставиме крај на лошата низа, сакаме да им се вратиме на победите. Одигравме квалитетен меч против Шкендија иако загубивме и мислам дека ако го повториме тоа издание имаме големи шанси да славиме денеска во Велес. Треба да ја разбиеме и бариерата со ефикасноста, мислам дека тоа е клучниот елемент“, вели Марјан Ристовски.
Работнички се наоѓа на седмата позиција со 15 освоени бода во пресрет на овој дуел, додека Борец е десетти со осум бода.