Фуркан Идризи ќе го суди мечот Работнички – Академија Пандев
Работнички во 13.коло утре на Националната арена ќе го пречека тимот на Академија Пандев (13 часот). Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Фуркан Идризи од Тетово, а ќе му помагаат Мартин Петковски (Куманово) и Бојан Андевски (Куманово). Четврти судија е Александар Урошевиќ (Тетово).
За делегат на натпреварот е одреден Васко Бошевски од Битола, а контролор на судењето ќе биде Никола Караколев од Штип.