Пријателски натпревар со Шкендија в сабота
Работнички в сабота, со почеток во 13 часот, ќе одигра пријателски натпревар против Шкендија на Градскиот стадион во Тетово. Во текот на репрезентативната пауза тимот ќе одигра квалитетен пријателски меч и ќе го одржи натпреварувачкиот ритам.
Ќе биде тоа одлична можност и за новиот шеф на стручниот штаб Борче Христов да ја забележи моментната форма на фудбалерите.
Во следното 14.коло, Работнички на 21 ноември ќе гостува на тимот на Струга Трим Лум.