Стојанче Трпчевски ќе го суди мечот Работнички – Ренова в сабота
Работнички в сабота (13 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе биде домаќин на Ренова во 16.коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци, а ќе му помагаат Драган Трпчевски (Кавадарци) и Душко Панов (Кавадарци). Четврти судија е Никола Иванов (Велес).
Делегат на натпреварот ќе биде Гоце Маркоски од Охрид, а за контролор на судењето е одреден Марјан Кировски.