Анес Рушевиќ, ново засилување на Работнички
Работнички го доведе второто засилување во зимскиот преоден рок. Нов фудбалер на нашиот клуб е српскиот интернационалец Анес Рушевиќ. Тој потпиша договор на една и пол година и веќе го имаше првиот тренинг со тимот.
Анес Рушевиќ има 25 години, треба да ја засили конкуренцијата во нападот на Работнички и доаѓа од редовите на српскиот прволигаш Јавор Ивањица.
Во кариерата Анес Рушевиќ има играно и за Пролетер Нови Сад, Напредак Крушевац, Бате Борисов и за Нови Пазар. Тој има настапувано и за младинската репрезентација на Србија до 20 години.