Димитриј Попоски, нов член на Работнички
Младиот и талентиран фудбалер Димитриј Попоски е нов член на Работнички. Тој има 19 години, доаѓа од редовите на Борец и игра на левата бековска позиција.
Попоски претходно настапувал и за младинските академии на Вардар и на Њу Старс. Тој треба да ја засили конкуренцијата на левата бековска позиција и претставува иднина на клубот.