Момчило Рашо потпиша за Работнички
Црногорскиот интернационалец Момчило Рашо е најновото засилување за Работнички. Тој се враќа во нашиот клуб по пауза од три години и потпиша едногодишен договор. Одлично ја познава средината и ќе претставува засилување за одбранбениот дел од тимот.
Рашо (24) доаѓа од редовите на српскиот прволигаш Раднички Крагуевац и утре заминува со тимот на подготовки во Анталија.
„Драго ми е што се враќам во Работнички, многу добро знам каков рејтинг има Работнички во Македонија и на меѓународна сцена. Се надевам дека ќе дадам полн придонес за успешна пролет на тимот“, изјави Момчило Рашо.
Централниот дефанзивец играше во Работнички во периодот од 2016 до 2018 година. Во кариерата има настапувано и за Дечиќ (Црна Гора), Усти над Лабем (Чешка), АЕЛ Лимасол (Кипар), Јелгава (Летонија) и Раднички Крагуевац (Србија).