Работнички отпатува на подготовки во Анталија
Работнички од денеска се сели во турскиот туристички центар Анталија каде ќе биде реализирана главната фаза од зимските подготовки. Тимот на Борче Христов во наредните 12 дена ќе се фокусира на воигрување на составот и на контролни пријателски натпревари.
Засега се потврдени два теста. Работнички на 23. јануари ќе игра против Раков, четвртопласираниот тим во шампионатот на Полска, а три дена подоцна ќе ги одмери силите и со уште еден полски прволигаш, Краковија.
Работнички ќе остане во Анталија до 31.јануари, кога е планирано враќањето во Скопје.