Триумф над Лвов на првиот тест во Анталија
Работнички оствари триумф од 1-0 против украинскиот прволигаш Лвов на првиот пријателски натпревар во Анталија. Стрелец на победничкиот гол за нашиот тим беше новото засилување Анес Рушевиќ во 40.минута од мечот.
Покрај погодокот, Работнички создаде уште неколку одлични шанси кои сепак не беа реализирани. Во изгледни позиции беа Марјан Ристовски и Симеон Христов.
Тренерот Борче Христов го почна натпреварот со следниот состав: Јанков, Максимов, Илиевски, Кировски, Аломеровиќ, Гоес, Зејнулаи, Тодоровски. Рушевиќ, Станковски, Ристовски.
Во вториот дел шанса добија и останатите фудбалери.