Грузиецот Ѓорѓи Кутсија е нов фудбалер на Работнички
Работнички го доведе Ѓорѓи Кутсија како ново засилување. Тој потпиша договор и се приклучи на тимот по враќањето од подготовки во Анталија.
Кутсија е 22-годишен фудбалер за врска кој доаѓа од еден од најдобрите грузиски клубови, Динамо Тбилиси. Тој треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред по сериозната повреда на Арменд Алими.
„Среќен сум што ќе играм во еден од најреномираните македонски клубови. Ќе го дадам својот максимум за да ги оствариме целите на тимот во продолжението од првенството“, изјави Ѓорѓи Кутсија.