Работнички ја освои Битола (0-2)
Работнички на одличен начин го стартуваше вториот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. Нашиот тим оствари триумф (0-2) на гостувањето против Пелистер во Битола. Стрелци на головите беа Анес Рушевиќ во 82.минута и Марјан Ристовски во 90.минута од дуелот.
Работнички беше подобар тим на натпреварот, создаде повеќе шанси, а во финишот и успеа да постигне два гола. Марјан Ристовски го најави триумфот откако го погоди дирекот, но на полувреме сепак се замина без голови.
Беше тесно се до крајот, но потоа Работнички притисна силно, а првиот погодок беше дело на Анес Рушевиќ. Во последните мигови од мечот, Марјан Ристовски го потврди триумфот со уште еден гол во мрежата на Пелистер.
Во следното 20.коло, Работнички на домашен терен го пречекува Шкупи.
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ 0-2 (0-0)
Стадион „Петар Милошевски“ во Битола. Судија: Крумислав Ѓорѓиев (Штип). Стрелци: Рушевиќ 82, Ристовски 90’ (Работнички). Ж. картони: Максимов, Зејнулаи, Христов (Р).
ПЕЛИСТЕР: Трајчевски, Ричков, Драгарски, Вецески (88’ Поповски), Јусуф (90’ Торнески), Глоире, Љамчевски, Бериша (88’ Андоновски), Али, Здравевски (71’ Талевски), Маневски.
РАБОТНИЧКИ: Мустафа, Рашо, Илиевски, Максимов, Аломеровиќ, Гоес (59’ Христов), Тодоровски, Зејнулаи (90’ Николовски), Родригез (59’ Христов), Рушевиќ (90’ Кировски), Ристовски.