ФК Работнички склучи партнерство со „Fitogether“
ФК Работнички ја објавува новата соработка со „Fitogether“ како партнер за Официјален електронски систем (EPTS), следење на перформансите на фудбалерите.
Fitogether е компанија за фудбалска технологија и наука која стана официјална компанија за EPTS (Electronic Performance Tracking System) во многу земји во светот. Брендот е исто така сертифициран и има добиено највисоки оценки во Програмата за квалитет на EPTS од ФИФА со повеќе од 220 тимови ширум светот кои ја користат нивната технологија и експертиза.
EPTS технологијата им овозможува на менаџерите и на тренерите научно да го оценат движењето на играчите. Тоа му помага на тимот да го планира и следи обемот на работа на секој играч на теренот, како и обемот и интензитетот на нивните активности. Ова ќе доведе до подобрена работа поткрепена со квалитетни податоци и ќе го подобри постоечкиот пристап во решавањето на одредени ситуации во фудбалската игра.
Се надеваме дека ФК Работнички и Fitogether заедно ќе постигнат многу успеси во иднина.