Максимов погоди за триумф (0-1) над ФК Скопје
Работнички оствари многу важна победа на гости против Скопје, победувајќи на „Автокоманда“ со 0-1. Стрелец на голот беше Методи Максимов во 45.минута од натпреварот.
На тежок и каллив терен, Работнички оствари триумф со максимално залагање и голема борба во текот на целиот дуел. Во една таква ситуација, немаше многу изгледни шанси за гол.
Анес Рушевиќ во 17.минута се закани со силен удар од далечина, а Андреја Ефремов одбрани и исфрли во корнер. Потоа обид имаше и Димитар Тодоровски од 25 метри, но директно во добро поставениот противнички голман.
Во 45.минута, Методи Максимов одзеде топка на средината на теренот, Марио Станковски извлече противнапад, го проигра повторно Максимов, а тој откосо од десната страна ја погоди мрежата на ФК Скопје.
Во второто полувреме, Работнички умешно ја чуваше предноста, ги неутрализираше нападите на домаќинот и на крајот сосема заслужено стигна до важни три бода.
Во следното коло, Работнички на домашен терен ја пречекува Шкендија.
ФК СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ 0-1 (0-1)
Стадион Автокоманда. Судија: Игор Стојчевски (Скопје). Стрелец: Максимов 45′ (Р). Ж. картони: Јанакевски (С), Гоес, Ѓорѓевиќ, Аломеровиќ, Рушевиќ (Р).
ФК СКОПЈЕ: Ефремов, Димов, Најдоски, Запата, Ѓоргиевски, Пецов, Јанакиевски, Јаневски (77′ Хајдари), Игнатов (59′ Божиновски), Елисон, Десниќ.
РАБОТНИЧКИ: Мустафа, Илиевски, Ѓорѓевиќ, Рашо, Аломеровиќ, Гоес (88′ Кировски), Тодоровски, Зејнулаи (90′ М. Елмас), Максимов, Станковски, Рушевиќ (90′ Родригез).