Марјан Стојановски ќе го суди мечот Работнички – Шкендија в недела
Работнички в недела (14 часот) ќе биде домаќин на Шкендија во 22.коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Марјан Стојановски од Кичево, а ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески од Скопје. Четврта судијка е Ивана Пројковска од Скопје.
За делегат на натпреварот е одреден Милорад Тренчевски од Куманово, а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља од Струга.