Димитар Пилешков ќе го суди мечот Ренова – Работнички в сабота
Работнички в сабота ќе гостува во Тетово и ќе ги одмери силите со Ренова во 24.коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на мечот е Димитар Пилешков од Штип, а ќе му помагаат Слаѓан Маркоски (Гостивар) и Мартин Петковски (Куманово). Четврти судија е Стојанче Стојанов од Штип.
За делегат на натпреварот е одреден Митко Бојаџиев (Чешиново), а контролор на судењето ќе биде Зоранчо Илиевски (Битола).