Пораз (2-1) од Ренова во Тетово
Работнички доживеа пораз (2-1) од Ренова во Тетово во 24.коло од Првата фудбалска лига. Ремзифаик Селмани и Шефит Шефити од пенал погодија за домашниот тим, а Анес Рушевиќ пред крајот на мечот се запиша во листата на стрелците за Работнички.
Првото полувреме понуди тактичко надмудрување, но немаше голови.
На стартот на вториот дел Ремзифаик Селмани успеа да ја затресе мрежата на Бурхан Мустафа во 48.минута.
Десет минути подоцна беше досуден пенал за Ренова, а го реализираше Шефит Шефити.
Работнички до крајот се обиде да израмни, а постигна погодок преку Анес Рушевиќ во 90.минута. Сепак, беше доцна да се стигне и до бод.
По ова коло следи пауза поради репрезентативните настапи, а во 25.коло Работнички на домашен терен го пречекува тимот на Струга Трим Лум на 3. април
РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 2-1 (0-0)
Градски стадион во Тетово. Судија: Димитар Пилешков. Стрелци: Селмани 48′, Шефити 58′ пен. (Рен), Рушевиќ 90′ (Раб). Ж. картони: Абдула, Јусуфи (Рен), Ристовски, Кировски, Гоес, Рушевиќ, Родригез (Раб).
РЕНОВА: Велии, Илиевски, Бајрами, Абдула, Зука, Серафимовски, Садики (90′ Мамадзаде), Таипи (46′ Фетаи), Јусуфи (75′ Мустафов), Селмани (90′ Алмини), Перез (46′ Али).
РАБОТНИЧКИ: Мустафа, Илиевски (86′ Ѓорѓевиќ), Кировски, Рашо, Аломеровиќ, Гоес, Тодоровски (60′ Зејнулаи), Кутсија (70′ Родригез), Ристовски, Станковски, Рушевиќ.