ФК Работнички на 27. Генерално собрание на ЕКА: „Нашите одлуки прават разлика“
ФК Работнички преку својот претставник, генералниот секретар Ненад Монев, е присутен на 27. Генералното собрание на Асоцијацијата на европски клубови (ЕКА). Во друшто на најголемите фудбалски клубови од Европа и врни фудбалски и спортски личности, претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, претседателот на ЕКА, Насер Ал-Келаифи, претседателот на ИОК, Томас Бах, и големи имиња од светот на фудбалот, Едвин ван дер Сар, Оливер Кан, Звонимир Бобан, Михаел Балак и многу други, нашиот клуб учествува во работата на собранието на ЕКА. Главната поента е дека обединети, клубовите со своите одлуки нудат можности и прават разлика.
Европските клубови истакнаа неколку приоритети на кои ќе се посвети внимание во наредниот период.
Првиот приоритет е финансиска стабилност на европскиот фудбал. Втората клучна точка се добрите релации меѓу клубовите, која содржи и неколку други сегменти, Програма за развој на таленти, Програма за развој на клупски менаџмент, Програма за поддршка и развој на женски фудбал, сето ова обединето во во духот на ЕКА.