Пораз (1-3) од Струга Трим Лум
Работнички доживеа пораз (1-3) на домашен терен од Струга Трим Лум во 25.коло во Првата фудбалска лига. Тимот на Борче Христов го доживеа третиот последовен пораз во шампионатот и падна на осмата позиција на табелата.
Абдулхади Јахја во 13.минута го доведе составот на Струга Трим Лум во водство. Иако имаше иницијатива, Работнички не успеа да израмни до одморот.
Во вториот дел, Драшко Ѓорѓевиќ во 49.минута направи прекршок во шеснаесетникот, беше досуден пенал, а го реализираше Буњамин Шабани за 0-2.
Момчило Рашо во 61.минута со удар со глава во намали резултатот по слободниот удар што го изведе Зејнулаи, а потоа Марио Станковски имаше одлична можност за израмнување. Тој шутираше со глава, но Талески одбрани.
Во моментите кога Работнички притискаше за втор гол, Струга ТЛ преку противнапад дојде до третиот погодок и го реши мечот. Џобе одзема топката на средината на теренот, потоа Јахја центрораше, а Џобе егзекутираше.
Во следното коло, Работнички в среда ќе и гостува на Брегалница во Прилеп.
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-3 (0-1)
Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Александар Ставрев. Стрелци: Рашо 61′ (Работнички), Јахја 13′, Шабани пен. 49′, Џобе 81′ (Струга ТЛ). Ж. картони: Кутсија, Аломеровиќ, Ѓорѓевиќ, Ристовски, Христов (Работнички), Галевски, Исени (Струга ТЛ).
РАБОТНИЧКИ: Мустафа, Илиевски (46′ Рушевиќ), Рашо, Ѓорѓевиќ (86′ Кировски), Аломеровиќ (86′ Елмас), Кутсија (46′ Тодоровски), Зејнулаи, Максимов (59′ Родригез), Христов, Станковски, Ристовски.
СТРУГА ТРИМ ЛУМ: Талески, Радич, Касами, Рамадани, Кадриу, Кочоски (85′ Таири), Шабани, Босанчиќ, Галевски (20′ Исени), Јахја (85′ Илиески), Малески (67′ Џобе).