Убедлив триумф (0-3) над Брегалница
Работнички оствари значаен триумф (0-3) над Брегалница во Прилеп. Со оваа победа се искачи на седмата позиција на табелата со 34 бода. По промената на тренерската позиција, Стојанче Игнатов го презеде кормилото и го одведе тимот до убедлива победа.
Работнички тргна офанзивно од самиот старт, Анес Рушевиќ шутираше крај голот во 12.минута, а четири минути подоцна Методи Максимов донесе водство. Рушевиќ одлично го проигра, а тој беше побрз од противничкиот голман и ја погоди мрежата на противникот.
До крајот на првиот дел, се обидоа и Марио Станковски и Анес Рушевиќ, но не беа доволно прецизни.
На почетокот на второто полувреме, вистинско ремек дело на Методи Максимов. Продре по десната страна, упати шут откосо и погоди во спротивниот агол од голот на Брегалница.
Во 66.минута, Бојан Илиевски со удар со глава постигна трет гол и дефинитивно го реши победникот, а до крајот триумфот можеше да биде и поубедлив ако реализираа Арбин Зејнулаи и Драшко Ѓорѓевиќ.
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 0-3 (0-1)
Стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Судија: Марјан Ецкоски. Стрелци: Максимов 16′, 46′, Илиевски 66′ (Работнички): Ж. картони: Манев (Брегалница), Гоес (Работнички).
БРЕГАЛНИЦА: Петровски, Азиновиќ, Манев, Миленковски, Кудев (46′ Џокиќ), Ескиќ (69′ Дујовски), Дамњановиќ (69′ Живулиќ), Бакрачески (52′ Ацковски), Стојанов, Георгиев (59′ Димитриевски), Алтипармаковски.
РАБОТНИЧКИ: Мустафа, Илиевски, Рашо, Кировски, Аломеровиќ, Гоес (83′ Ангелов), Зејнулаи, Ристовски, Максимов (83′ Ѓорѓевиќ), Рушевиќ (83′ Тодоровски), Станковски (62′ Кутсија – 73′ Родригез).