Александар Грујоски ќе го суди мечот Работнички – Тиквеш
Работнички во 27.коло на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го пречека тимот на Тиквеш. Мечот е закажан за в недела, со почеток во 14 часот, а одредени се и официјалните лица.
Главен судија на натпреварот ќе биде Александар Грујоски од Кичево, а ќе му помагаат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски. Четврти судија е Јосип Бартон од Скопје.
За делегат е одреден Мухамед Шаиноски (с.Лабуништа), а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља (Струга).