Тодоровски и Станковски донесоа триумф над Пелистер
Работнички го победи Пелистер со 2-1 во 33.коло, за заокружување на првенството во Првата фудбалска лига. Нашиот тим го заврши шампионатот на осмата позиција со освоени 43 бода.
Бојан Илиевски имаше одличен шут со глава, но Трајчевски одбрани, а се заканија и Станковски и Зејнулаи.
Но, Димитар Тодоровски со вистинско ремек дело го отвори резултатот во 53.минута. Тој зафати топка од триесетина метри и погоди во аголот од противничкиот гол.
Девет минути подоцна, Марио Станковски одлично шутираше со глава по центаршутот на Љушев од десната страна и зголеми на 2-0.
Во завршницата, Андреј Ричков постигна гол во 83.минута за конечен резултат, 2-1.
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 2-1 (0-0)
Стадион Борис Трајковски во Маџари. Судија: Александар Грујоски (Кичево). Стрелци: Тодоровски 53′, Станковски 62′ (Работнички), Ричков 83′ (Пелистер). Ж. картони: Станковски, Ѓурчиновски, Тимевски (Работнички), Бошковски, Љамчевски, Јусуф (Пелистер).
РАБОТНИЧКИ: Тимевски, Љушев (84′ Ибраими), Гоес, Илиевски, Аломеровиќ, Тодоровски (84′ Николовски), Зејнулаи, Ристовски, Станковски (87′ Попоски), Манојлов (65′ Ѓурчиновски).
ПЕЛИСТЕР: Трајчевски, Ричков, Бериша (68′ Чуквума), Драгарски, Али (84′ Милевски), Бошковски, Љамчевски, Вецески (68′ Момировски), Јусуф, Здравевски (59′ Трајковски), Маневски.