Игор Алексовски, прво засилување за Работнички
Голманот Игор Алексовски е ново засилување за Работнички. Членот на „златната генерација“ млади македонски фудбалери до 21 година која учествуваше на Европското првенство во Полска, потпиша едногодишен договор со нашиот клуб и во претстојната сезона ќе го чува голот на Работнички.
Алексовски доаѓа од редовите на Ренова, а претходно во кариерата настапуваше и за Македонија ЃП, Вардар и за Шкупи.
„Работнички е еден од најреномираните клубови во Македонија и ќе ми биде чест да го носам дресот на овој клуб. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона“, вели Игор Алексовски.