Работнички ги почна подготовките со новиот тренер Љупчо Марковски (ФОТО)
Работнички ги стартуваше подготовките за новата сезона во Првата лига. Со нов шеф на стручниот штаб, Љупчо Марковски Калц, и со амбиции да се остварат многу подобри резултати од минатогодишните, „романтичарите“ означија почеток на подготовките.
Спортскиот директор Горан Станковски им посака многу здравје на фудбалерите, а тренерот Љупчо Марковски потенцираше дека единствено мерило ќе биде напорната работа и квалитетот на секој поединец, втемелен во тимскиот дух.
Тренингот на „романтичарите“ го следеше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, сегашна ѕвезда на Наполи, кој не заборави од каде потекнува, токму од Работнички.
Работнички засега се засили со тројца нови фудбалери, голманот Игор Алексовски од Ренова, Филип Бошковски од Пелистер и Иво Јанакиевски од Скопје.