Филип Бошковски потпиша за Работнички
Филип Бошковски е ново засилување за Работнички. Тој доаѓа од Пелистер и ќе ја засили конкуренцијата во одбраната на тимот на Љупчо Марковски.
Бошковски е десен бек, по потреба може да одговори и на левата странична позиција. Тој има 21 година и досегашниот тек од кариерата го мина во редовите на Пелистер.