Реми без голови на првиот тест со Брегалница во Штип
Работнички одигра без голови против Брегалница на Градскиот стадион во Штип во првиот пријателски натпревар од подготовките. Тренерот Љупчо Марковски имаше можност да ја увиди моментната форма на фудбалерите, а им даде шанса за настап на сите кои ги повика за овој тест.
Даниел Мојсов ја имаше најубавата шанса на натпреварот, откако во 53.минута упати удар со глава, но Игор Алексовски одлично одбрани. За Работнички се закани Никола Манојлов кој упати силен удар од работ на шеснаесетникот, но голманот на Брегалница не дозволи да биде совладан.
Следниот тест е в среда против Победа.