Пораз од Силекс во Кратово во првиот меч од сезоната
Работнички го загуби воведниот натпревар од новата сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. На гостувањето во Кратово, тимот на Љупчо Марковски загуби со 2-0.
Во еден борбен натпревар, Силекс успеа да ги искористи своите шанси.
Првата можност ја имаше Бурхан Алији кој во 16.минута шутираше од далечина, но Игор Алексовски го одбрани неговиот удар. Потоа Андреј Ричков имаше шанса во мешаницата, ја упати топката кон голот, а Филип Бошковски спаси на самата гол-линија.
На спротивната страна, се закани Анес Рушевиќ. Побегна по левата страна, Даниел Божиновски му појде во пресрет, а тој се обиде, но аголот беше речиси невозможен за да погоди.
Силекс поведе во 58.минута. Ристовски изведе корнер, а во скокот некако најснаодлив, можеби и најсреќен беше Арсим Љамалари. Тој ја упати топката зад грбот на Игор Алексовски.
Крсте Велкоски зафати волеј-удар, но и Божиновски беше внимателен на голот на илекс.
Во завршницата, Работнички тргна по израмнување, Дамјан Масевски излезе сам пред Алексовски, шутираше, а на одбиената топка налетаа Филип Стојчевски и Филип Бошковски. Судијата Качевски досуди пенал за Силекс, а успешен реализатор во 91.минута беше Филип Стојчевски.
Во второто коло, Работнички на домашен терен го пречекува тимот на Академија Пандев.